ВИДЕО: Тошевски е во одлична форма, погоди и против Вестерло во Про лигата!

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски продолжува да прикажува одлична форма и повторно стрелаше за својот тим Дендер, кој се бори за подобрување на резултатите и излез од опасната зона во најсилното белгиско првенство. 

Откако погоди во минатото коло во победата над Антверпен, Тошевски ја затресе мрежата и на натпреварот со Вестерло и го постави резултатот на паузата меѓу двете полувремиња (1-0).

Се играше 40. минута, кога Македонецот доби топка во шеснаесетникот, ја искористи празнината што ја оставија гостинските дефанзивци, и со силен удар биеше во долниот десен агол. 

За Тошевски ова е трет погодок во белгиската Јупилер Про Лига. Досега настапи на пет првенствени мечеви, како и на еден во Купот на Белгија.