• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Давид Тошевски имаше одлично попладне во дресот на Австрија Клагенфурт затоа што со првенецот во Бундеслигата ја донесе првата победа за неговиот тим во елитата.
Австрија Клагенфурт славеше на гостински терен кај Тирол со 0-1, а единствен стрелец беше Тошевски. Македонскиот центарфор доби топка во 67. минута во шеснаесетникот и успеа да ја смести во мрежата на ривалот.
За Клагенфурт ова беше прва победа во новата сезона по четири одиграни кола.