Тошески иако беше најстандарден ја напушти Спартак Суботица

Македонскиот фудбалер Милош Тошески е слободен агент затоа што спогодбено го раскина договорот со српскиот клуб Спартак Суботица.

26-годишниот Тошески играше за Спартак од 2022 година, а во оваа сезона во која тимот избори опстанок во суперлигашкото друштво во Србија беше еден од најстандардните играчи со 28 натпревари, два гола и две асистенции.

Тошески во Спартак пристигна од Атирау од Ерменија, а низ кариерата играше и за Бродарац, Работнички и Земун. Има настапи и за У17 и У21 репрезентацијата на Македонија.