ВИДЕО: Торонто не ги обедини најпрестижните титули, Сиетл е нов првак во МЛС

Сиетл се врати на тронот во американскиот фудбал, откако во финалето на МЛС-лигата убедливо славеше над Торонто (3-1).

Желба на градот Торонто беше по титулата во НБА-лигата да се донесе и трофејот од фудбалскиот шампионат, но Сиетл со доминантно издание се погрижи канадскиот колектив да не ги обедини најпрестижните титули во САД.

По првото полувреме без голови, Сиетл беше тимот што доминираше во вториот дел. Лирдам, Родригез и Руидиаз погодија во противничката мрежа, додека утешниот погодок за Торонто го даде најдобриот играч Алтидор пред самиот финиш.

  • Извештај од натпреварот: 

За Сиетл ова е втора титула во историјата на МЛС-лигата, по онаа во 2016 година.