Торино во Венеција го пронајде наследникот на Иван Јуриќ

Паоло Ваноли е нов тренер на италијанскиот прволигаш Торино. Ваноли е назначен за нов тренер на „биковите“, откако вчера потпиша двегодишен договор со поранешниот првак на Италија.

Новиот тренер на Торино го наследи Хрватот Иван Јуриќ, кој го водеше тимот од летото 2021 година до денес. Ваноли во штотуку завршената сезона ја предводеше Венеција во плеј-офот од Серија Б во Серија А, по што го напушти клубот.

Пред Венеција, негова единствена независна тренерска работа беше во Спартак Москва во сезоната 2021/22.