Торино во своите редови има заразен фудбалер со коронавирус

Екипата на Торино беше приморана да го откаже денешниот тренинг, откако во клубот беше дијагностициран еден случај на позитивен фудбалер на коронавирусот. 

Клубот преку официјално соопштение пренесе дека заразениот играч не бил во протоколот за средбата со Фиорентина викендов и дека е асимптоматски случај. 

„Торино објавува дека во редовните проверки и тестирања, беше дијагностициран позитивен случај на ковид-19 во првиот тим. Играчот не беше вклучен во протоколот за средбата од саботата со Фиорентина и е асимптоматски. Фудбалерот е во самоизолација и под константнен мониторинг од медицинските лица“, напишаа во соопштението. 

Торино со пораз ја отвори сезоната во Серија А, откако загуби кај Фиорентина (1-0), а веќе за викенд во второто коло ќе ја дочека Аталанта.