• Саше Љолес
Екипата на Торино се пласираше во осминафиналето на италијанскиот Куп, откако на домашен терен ја совлада Пиза со конечни 1-0 (1-0).
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Чезаре Касадеи, кој биеше уште во деветтата минута и го постави конечниот резултат. Торино во следната рунда ќе има многу потешка мисија, затоа што ќе ги одмери силите со екипата на Рома.
- Торино - Пиза 1-0:
Џенова немаше големи проблеми со Емполи и извојува сигурен триумф на домашен терен со конечни 3-1 (1-1).
Гостите беа во игра по првите 45 минути, но потоа Џенова одигра многу подобро и го завери триумфот со головите на Френдруп, Маркандали и Екатор, а за Емполи стрелаше Сапорити, кој впрочем и го отвори резултатот во дванаесеттата минута.
- Џенова - Емполи 3-1:
И за Џенова нема да биде лесна осминафиналната пречка. Тимот на Патрик Виеира ќе излезе на мегдан со Аталанта од Бергамо.











