ВИДЕО: Торино со „блиц-криг“ до трите бода против Сасуоло

Торино славеше со 2-1 против Сасуоло во 36. коло во Серија А, во натпревар кој немаше резултатско значење бидејќи двете екипи се наоѓаат во сигурната средина на табелата.

По мирното прво полувреме, гостите поведоа во продолжението преку Торствет, кој погоди по една одбиена топка на втората статива во 51. минута.

Сепак, Торино брзо направи пресврт и за само четири минути стигна до победата. Прво Симеоне израмни по одличен центаршут од левата страна, а потоа Педерсен остана осамен на втората статива и лесно ја затресе мрежата за 2-1. До крајот Сасуоло не успеа да создаде доволно шанси за да избегне пораз, па бодовите останаа во Торино.

  • Извештај од натпреварот:

Сасуоло е десетти во калчото со 49 бода, додека Торино има 44 две места подолу.