ВИДЕО: Торино се бранеше, Милан по пенали до следната рунда на Копа Италија

Фудбалерите на Милан славеа на осминафиналниот дуел во Копа Италија против Торино со 5-4 (0-0), по пенал рулетот и се пласираа во наредната рунда. „Росонерите“ беа подобар ривал, се закануваа и правеа шанси, а Торино имаше доста среќа, бидејќи ривалот имаше неколку стативи и голмански интервенции. И покрај налетите и нападите, натпреварот мораше да се решава со казнени удари. 

  • Извештај од натпреварот:

Стефано Пиоли се реши за комбиниран состав и на теренот од првата минута, иако заигра Ибрахимовиќ, имаше бројни измени од стандардната постава. Сепак, ниту тоа не ги спречи „росонерите“ да бидат тим кој игра подобро. Иако ја контролираа играта, сериозни шанси изостанаа на двете страни, па имаше само по некој удар од далечина и лесни голмански интервенции. 

Второто полувреме беше сосема поинакво, на теренот постоеше само една екипа. Домаќинот на „Сан Сиро“ повторно напаѓаше, шансите пред голот на Вања Милинковиќ-Савиќ се редеа, ама „биковите“ има многу среќа. Во неколку наврати „росонерите“ ја погодија рамката од голот, а одлична шанса испушти и Леао, кога го погоди противничкиот голман во телото. Пиоли на теренот испрати дел од првотимците, па Милан со Чалханоглу, Кеси, Хернандез и Хауге го нападна Торино, а слична беше ситуацијата и во противничкиот табор каде заиграа Белоти, Лианко и Лукиќ.

Во продолжението Милан пак беше подобар, но се гледаше резервираноста на двете страни во играта и немаше непотребно трошење на силите. Така, натпреварот влезе во завршницата и екипите изведуваа удари од единаесет метри. Серијата тргна со шест пенали без промашување, а потоа Татарушану го одбрани ударот на Ринкон и психолошката предност премина на страната на „росонерите“. Голманот Милинковиќ-Савиќ го реализира петтиот пенал за Торино, ама Чалханоглу стрелаше за победа и четвртфинале на Купот за лидерот во Серија А