• Иван Димовски

Фудбалерите на Торино се радуваа во домашната пресметка против Болоња со 1-0 (1-0), во рамките на 25. коло од Серија А. „Биковите“ се вратија на победите, откако по три кола пауза пак прокнижија три бода во првенството.
Уште од стартот Торино тргна подобро, имаше закани преку Санабрија и Миранчук, но безуспешно. Резултатот беше отворен во 22. минута, кога Јан Карамох влезе во шеснаесетникот и го матира противничкиот голман за 1-0, резултат кој беше активен и на паузата.
Второто полувреме тргна со шанса на единствениот стрелец, ама крилниот напаѓач не успеа да реализира со глава. Болоња ја презеде иницијативата, почна да притиска и имаше еден солиден обид преку Орсолини. Сепак, „биковите“ на Иван Јуриќ успеаја да го одбранат водството од првиот дел и дојдоа до трите бода.
- Извештај од натпреварот:
Со оваа победа Торино дојде на бод зад Болоња на деветтото место на табелата.