• Мартин Танасковски
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/05/18/gn4oxnhxwaagazv.jpeg?itok=ZwmaRTmL)
Екипата на Торино го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона, убедливо славеше над Милан (3-1) и остана во игра за место во еврокуповите, иако скокна на деветтата позиција во Серија А.
- Торино - Милан 3-1:
Судбината на „биковите“ ќе зависи од Фиорентина и Аталанта кои имаат европски финалиња и на Италија може да ѝ донесат екстра-место во останатите европски натпреварувања. Торино дојде до 13-тата победа, втора во низа.
Триумфот го најави Дуван Запата во 26. минута, а потоа во 40. минута Илиќ зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот и на паузата, а потоа на стартот на второто полувреме екс-играчот на Милан, Родригез, стрела за 3-0. Утешниот гол за „росонерите“ го даде Бенасер од пенал.
Во последното коло Торино ќе игра со Аталанта, додека Милан ја затвора сезоната со Салернитана.
- Лече - Аталанта 0-2:
Со головите на Де Кателаре и Скамака, Аталанта славеше на гостувањето кај Лече со 0-2 и го осигура пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.