Торес го менува клубот и континентот, се договори со мексиканскиот Атлетико 

Поранешниот европски првак со шпанската репрезентација, освојувач на Светскиот Куп и ѕвезда во нападот на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и сега на Саган Тосу од Јапонија, Фернандо Торес, се наоѓа пред нова смена на средината.

Шпанските медиуми, базирани на извори блиски до фудбалерот, открија дека Торес ги договорил сите детали и ќе се пресели во мексиканската екипа Атлетико од Сан Луис во текот на летниот преоден рок.

35-годишниот Шпанец настапи на осум натпревари сезонава во дресот на Саган Тосу и уште не постигнал гол. Нема трофеј во клупскиот и репрезентативен фудбал кој „Ел Нињо“ не го освоил.