ВИДЕО: Топката патуваше околу 75 метра, што ли има во раката овој голман!?

Селекциите на Иран и Ирак одиграа меч за заборав во Азискиот Куп и нивниот дуел заврши со непопуларно реми од 0-0. 

Двата голмани беа на висината на задачата и не дозволија тресење на своите мрежи, а иранскиот чувар Алиреза со еден потег ја остави присутната публика без зборови, откако успеа да проигра со рака речиси преку цел терен. 

Погледнете како топката патува околу 75 метри по дегажманот на иранскиот голман: