ВИДЕО: Топката еден метар зад гол-линијата, но судиите молчат!

Од сезоната 2020/21 ќе биде имплементирана ВАР-технологијата и во италијанската Серија Б. Една од причината да се забрза внесување на технологијата донесе вчерашното божиќно коло во италијанската втора категорија по квалитет.

Во натпревар од 18 коло Емполи загуби од Козенца со 1-0, а стрелец на единствениот гол за домашните беше Баез во 12 минута. Натпреварот ќе биде запаметен по грубата судиска грешка на штета на гостинската екипа.

Ударот на гостинскиот фудбалер Ричи заврши скоро еден метар зад гол линијата, но судиската тројка на чело со Ивано Пезути тоа не го забележа.

Топката заврши скоро еден месец зад гол линијата, па Емполи може само да протестира и да ја повикува ВАР-технологијата. 

Состави

Piero Braglia

3-4-3

    Roberto Muzzi

    4-3-1-2