Топката „бегаше“ од Лунин: Станчиу даде страшен гол во Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Романија и Украина вкрстија копја во натпревар од првото коло на Европското првенство. Натпреварот во Минхен на „Алијанц Арената“ имаше мирен старт, а потоа по половина час игра падна ефектен гол.

Лошо додавање на дефанзивец го натера голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин да исфрли топка, а тоа го направи лошо. Лунин додаде само до Ман, кој му асистира на капитенот Николае Станчиу кој постигна навистина убав гол. 

Станчиу упати силен удар и со топка која „бегаше“ од Лунин го постигна првиот гол за својата репрезентација на ова првенство (1-0). 

Состави

Мирчеа Луческу

4-1-4-1

    Сергеј Ребров

    4-2-3-1