• Иван Димовски

Само среќата и добрите офсајд стапици го одржаа Клуб Бриж да не доживее дебакл по првото полувреме на дуелот со Манчестер Сити. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола имаа целосна доминација, со многу шанси, два поништени гола и неколку опасни акции прекинати поради офсајди.
Сити успеа да поведе со погодокот на Жоао Кансело. Португалецот покажа неверојатна ладнокрвност, па откако доби „топка со очи“ од Фил Фоден, одлично се движеше и прими на гради, па со удар по земја погоди меѓу нозете на Мињоле.
- Голот на Кансело против Клуб Бриж:
Домашните фудбалери не ризикуваа и не се отворија, ама сепак пред полувремето примија уште еден гол. Водството на Сити го удвои Ријад Марез од белата точка.