ВИДЕО: Топка „со очи“ на Матиќ, милиметарски точна асистенција на Гринвуд и супер-гол на Фернандеш

Манчестер Јунајтед игра една од најдобрите партии оваа сезона и на гости на Брајтон има водство од 0-3. 

Мејсон Гринвуд и Бруно Фернандеш погодија во првиот дел против „галебите“, а на самиот почеток од вториот „ѓаволите“ по неверојатен контра напад го решија прашањето на победникот на овој натпревар.

Немања Матиќ испрати топка со очи до Гринвуд, а овој истрча пола терен и милиметарски точно го проигра Фернандеш. Поргуалецот со супер-волеј го совлада Рајан, за водство на Јунајтед од 0-3.

  • Прекрасната акција на Јунајтед против Брајтон:

Доколку на „Амекс“ не се случи чудо и Брајтон приреди изненадување, ова ќе биде втора победа на Јунајтед по рестартот на сезоната во Примера, по таа против Шефилд од пред шест дена.