• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно би можел да соработува со Лучано Спалети, овојпат во редовите на Јувентус, пренесува италијански „Скај“.
Според информациите, искусниот стратег изразил желба да го доведе Елмас во Торино, со кого веќе успешно соработуваше во Наполи во шампионската сезона 2022/23, кога „наполитанците“ по повеќе од три децении го освоија Скудетото.
Елмас минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Наполи, но клубот од југот на Италија реши да не ја активира откупната клаузула, па македонскиот ас ќе се врати во германскиот Лајпциг.
Сепак, неговата иднина во Бундеслигата останува неизвесна, а Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и размислува за ангажман на Елмас како финансиски поповолна опција.
Главен адут на македонскиот репрезентативец е неговата тактичка разновидност, квалитет кој Спалети особено го цени. Елмас може да настапува на повеќе позиции во средниот ред, како офанзивен играч за врска, крилен фудбалер, па дури и во поофанзивна улога зад напаѓачите.

