• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски успеа да постигне гол на кам-бекот во клупскиот фудбал во дресот на Глазгов Ренџерс.
Напаѓачот доби шанса од тренерот на натпреварот против Данди Јунајтед и експресно ја оправда. Ја запечати победата на „полицајците“ од 4-2 со убав гол кој го постигна во 85. минута од натпреварот.
За Бојан Миовски ова беше петти гол во дресот на Ренџерс во актуелната сезона во шампионатот на Шкотска.




