• Горан Упале

Фудбалерите на Брентфорд запишаа сигурна победа во првиот натпревар од единаесеттото коло во Премиер лигата. Пред разиграните „пчели“ падна тимот на Брајтон, кој беше совладан со 2-0 (1-0).
- Извештај од натпреварот:
Епитетот играч на натпреварот му припадна на Ајван Тони кој имаше блескав настап и беше стрелец на двата гола на својот тим. Тони игра во врвна форма од почетокот на сезоната, досега постигна осум гола во Премиер лигата и многу веројатно ќе добие повик за настап на Англија на претстојното Светско првенство во Катар.
Својот прв погодок го постигна во 27. минута кога ја искористи асистенцијата на Оњека и со атрактивна пета ја измами одбраната на Брајтон и ја испрати топката во спротивниот агол за домашно водство од 1-0. До крајот на натпреварот одличниот напаѓач со удар од „белата точка“ во 64. минута го постави конечниот резултат.
Брентфорд со оваа победа се искачи на осмата позиција веднаш зад Брајтон кој има бод повеќе, но и натпревар помалку.