Тони Богдановски повторно дел од стручниот штаб на Башкими

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 го потврди враќањето на кондицискиот тренер Тони Богдановски во стручниот штаб на клубот.

Станува збор за искусен стручњак во областа на физичката подготовка, кој повторно ќе биде дел од тимот и ќе има значајна улога во работата со фудбалерите и нивната подготовка во текот на сезоната.

Богдановски се враќа во Башкими како дел од стручниот штаб на старо-новиот тренер Муарем Муарем.