• Мартин Танасковски
Екипата на Академија Пандев до крајот на сезоната ќе биде предводена од привремен тренер, во името на Тони Атанасов, долгогодишен член на екипата како стратег уште од формирањето.
Атанасов, кој работеше во младинските категории, а потоа во неколку наврати беше дел и од стручниот штаб на сениорите, доаѓа на местото на Александар Васоски кој си поднесе оставка и заминува заедно со стручниот штаб.
За Тони Атанасов ова ќе биде втор привремен ангажман како прв тренер на Академија Пандев, откако претходно го менуваше Југослав Тренчовски во ПМФЛ. Исто така, Атанасов беше дел и од стручниот штаб на Ѓорѓе Стојчев.
До крајот на сезоната Академија Пандев има гостување кај Брегалница и домашен натпревар против Силекс. Струмичкиот клуб е деветти на табелата со 26 бода, зад него е Скопје на местото кое води во бараж со 22 бода.