Томе Китановски се врати во Србија, ќе игра за Слобода Ужице

Искусниот десен бек Томе Китановски има нов клуб за следната сезона. Откако минатата сезона играше за битолски Пелистер, сега 31-годишникот ќе замине на нов интернационален предизвик. 

Китановски ќе настапува во Првата лига на Србија, односно во второлигашката конкуренција на нашиотсосед, за екипата на Слобода Ужице. Фудбалерот кој во кариерата има и два настапи за сениорската репрезентација на Македонија замина од земјава по три ипол години. 

Се работи за дете на Пелистер. Китановски во 2014 година од Битола се пресели во романска Крајова, а потоа играше во Вождовац и Младост во Србија. Следеше авантура во Хрватска, во екипите на Истра и Славен Белупо, по што замина во азербејџански Сабаил. Во 2019 заигра за албански Кукс, ама по една полусезона направи трансфер назад во земјава. 

Преку Македонија Ѓорче Петров, за шест месеци се избори за трансфер во Шкупи, со кој стана првак во ПМФЛ. Потоа Китановски мина една сезона во Струга, а минатото лето се врати во Пелистер. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.