• Саше Љолес
Македонскиот фудбалер Томе Китановски официјално ја продолжува својата кариера во Романија, каде ќе настапува за екипата на Мусцелул Кампулиунг.
Искусниот 33-годишник пристигнува во Романија од австриската екипа Фав АЦ, а претходно ги бранеше боите на повеќе клубови во Македонија и во странство.
Кариерата ја започна во битолски Пелистер, а потоа играше за Крајова, српските Младост, Слобода Ужице и Вождовац, хрватските Истра и Славен Белупо, Кукеси од Албанија, а во Македонија настапуваше за Воска Спорт, Македонија ЃП и Струга Трим Лум.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
