• Саше Љолес

Македонскиот фудбалер Томе Китановски, официјално е нов играч на австрискиот нисколигаш, Мауерверк, каде долги години работи поранешниот репрезентативец, Илчо Наумовски.
Битолчанецот во Австрија пристигнува од екипата на Слобода Ужице, каде настапуваше од минатото лето, а во кариерата беше дел уште од Пелистер, Струга, Шкупи, Македонија ЃП, Славен Белупо и други.
31-годишниот десен бек се очекува да биде големо засилување за тимот на Наумоски, кој во моментов е се бори за опстанок во регионалната лига.