Томе Китановски потпиша за албанскиот суперлигаш Кукс

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Томе Китановски се врати од Азербејџан и во следната сезона ќе настапува во албанската Суперлига. За нас добро познатата екипа Кукс денес го претстави Китановски, кој се обврза на договор на една сезона со можност за продолжување на „љубовта“ на уште една сезона.

Некогашниот десен бек на Пелистер во нашето соседство доаѓа од доаѓа од азербејџанскиот Сабаил, а има искуство од натпревари во Србија, Хрватска и Романија. 27-годишниот дефанзивец ги носеше дресовите на Универзитатеа Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо и Сабаил.

Во Кукс, Китановски доаѓа на инсистирање на спортскиот директор Ндерим Неџипи и уште од денес им се приклучи на новите клупски другари. Целта на новата екипа на Китановски сезонава е што подолго да опстане во европските натпреварувања и да се бори за титулата во албанската Суперлига.