• Зоран Мишевски
Шведскиот шампион Малме се раздели со тренерот Јон Дал Томасон. Данскиот стручњак беше назначен на функцијата пред неполни две години, во јануари 2020 година.
45-годишниот Томасон е легенда на данскиот фудбал, има 123 натпревари за националниот тим. Како тренер Томасон ги освои последните две титули првак на Шведска со Малме. Шведскиот првак заврши на последното место во својата група во Лигата на шампионите и тренерот реши да си замине.
„Тешка одлука беше да се збогувам, но во исто време се чувствувам добро. Имам чувство дека го напуштам тимот на врвот“, изјави Томасон.
Малме е доминантен клуб во шведскиот фудбал, произведувач на таленти и главен извор на репрезентативци.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.



