Томас Тухел се враќа во Бундеслигата и тоа во редовите на шампионот?

Томас Тухел

Германските медиуми пишуваат дека Јулијан Нагелсман би можел да заработи отказ, доколку Баерн Минхен ја продолжи лошата форма во домашниот шампионат. Младиот стратег стои на „тенок мраз“ и не смее да си дозволи нов неочекуван кикс во Бундеслигата. „Билд“ шпекулира дека управата веќе размислува за негова потенцијална замена, која е добро познато име за фановите.

Се работи за Томас Тухел, кој неодамна остана без работа и замина од Челзи. Германскиот тренер е слободен и наводно чека примамлива понуда за да му се врати на работата.

Во текот на октомври, Баерн ќе одигра неколку дерби средби. Тие доаѓаат во период кога Баварците запишаа четири меча без победа. На нив актуелниот шампион постигна само четири гола и ги разочара своите приврзаници. 

Тухел во минатото беше голем ривал на баварскиот гигант, а сега би можел да застане на негова страна...