Томас Ертел потпиша едногодишна соработка со Зенит

Томас Ертел

Тома Ертел не сакаше да ги слуша предупредувањата на француската кошаркарска федерација и стави потпис на договор со екипата на Зенит.

Овој трансфер требаше да се реализира уште во текот на летото. Меѓутоа, челниците на француската кошарка му порачаа дека нема да добие шанса во репрезентацијата, ако го направи овој потег во кариерата. Причина за оваа реакција на сојузот е воениот конфликт во кој Русија ја нападна Украина и поради тоа наиде на голем број санкции на спортски план.

Французинот ќе има можност да соработува со шпанскиот стратег Чави Пасквал. Соработката е на една година, со опција истата да биде продолжена на дополнителна сезона, ако работите одат според планот.

Ертел започна во Ортез, потоа играше за Асвел, Стразбур, Аликанте, а потоа ја засили Басконија, од каде направи трансфер во Анадолу Ефес, па Барселона и Реал Мадрид.