Толку од Србија, следна дестинација за Стефан Деспотовски ќе биде Полска?

Медиумите во Србија пишуваат дека за македонскиот фудбалер Стефан Деспотовски постои голем интерес од неколку клубови вo Полска, каде наскоро заминува и неговиот соиграч од ОФК Београд, Никола Кнежевиќ. 

Кнежевиќ е официјално нов играч на второлигашот Вјечишта Краков, а истата дестинација се споменува и како следна за нашиот Деспотовски, кој сезонава одигра 16 натпревари во најсилното српско првенство. 

Деспотовски веќе две години настапува за белградскиот суперлигаш, а претходно играше за молдавскиот Шериф и македонскиот Работнички. Се очекуваат повеќе информации во деновите што следат, но нема да зачуди ако македонскиот фудбалер наскоро се пресели во посеверните краишта на стариот континент. 

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија