Толку од Италија: Рома му ја покажа излезната врата на искусниот Хумелс

Искусниот ветеран и член на италијанската Рома, Матц Хумелс, ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок и за него оваа етапа ќе заврши после само шест месеци. 

Летово Хумелс одби многу клубови од другите континенти за да остане да игра на високо ниво во Европа, но неговиот премин во Рома се покажа како голема грешка и тој досега одигра само еден натпревар на кој дури си постигна и несреќен авто-гол.

Ситуацијата е јасна, дефанзивецот ќе бара нова средина, а како следна дестинација се споменуваат неколку клубови од Азија и од Соединетите Американски Држави. 35-годишниот Хумелс целата кариера ја мина во Германија, каде играше за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, а за својата репрезентација настапи на 78 натпревари.