• Саше Љолес
Турскиот гигант Фенербахче се разделува со двајца важни фудбалери кои во изминатите сезони беа вистински предводници на тимот. Тоа се искусните ветерани Душан Тадиќ и Един Џеко, кои ќе бидат слободни во потрагата за нова средина.
Од клубот им се заблагодарија за сѐ што сторија и им посакаа многу успех во натамошната кариера. Џеко заминува после 99 одиграни натпревари и 46 голови во сите конкуренции, додека Тадиќ впиша 109 настапи за истанбулскиот клуб и забележа 29 погодоци.
За двајцата постои интерес од неколку клубови, а повеќе информации се очекуваат деновиве. Тадиќ има 36 години, додека Џеко е три години повозрасен од својот српски колега. Деновиве се очекуваат и нови заминувања од Фенербахче, што значи дека тимот на Жозе Мурињо следната сезона ќе има поинаков лик.