• Саше Љолес
Досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, официјално стана нов играч на мексиканскиот Тигрес.
Детали од договорот не се познати, но јасно е дека Кореа се очекува да биде големо засилување за екипата во која пристигна после цели десет години минати во Мадрид.
Аргенгинецот со Атлетико играше во финалето од Лигата на шампионите, а потоа триумфираше во Лига Европа и Суперкупот на УЕФА. 30-годишниот Кореа во дресот на „јорганџиите“ одигра 469 натпревари, забележувајќи учинок од 88 голови и 65 асистенции.
Кариерата ја започна во аргентинскиот Сан Лоренцо, од каде потоа премина во Атлетико Мадрид.
ФОТО/PHOTO: Club Tigres


