• Иван Димовски
Многу оспоруваниот Антони би можел да испише историја во европскиот фудбал. Бразилецот е на чекор до незапаметен подвиг – освојување на два различни УЕФА трофеи во иста сезона: Лигата Европа и Конференциската лига.
Сценариото ќе стане реалност доколку Манчестер Јунајтед триумфира во финалето на Лига Европа, а Бетис го освои трофејот во Конференциската лига.
Антони првиот дел од сезоната го мина на „Олд Трафорд“ и одигра доволен број натпревари за да биде дел од освојувачите на медал, доколку „црвените ѓаволи“ стигнат до крај. Во јануари се пресели во Бетис, каде стана клучен играч во европската кампања на тимот и сега има шанса да стигне и до втора круна.
Со тоа, Антони би станал првиот фудбалер што во една сезона ги освоил и Лига Европа и Конференциската лига – уникатен момент во историјата на натпреварувањата под капата на УЕФА.