• Мартин Танасковски

Екипата на Лион ја оправда фаворитската улога и на домашен терен сигурно славеше над Ремс (4-0) во дуелот од 21-та рунда во француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
„Лавовите“ беа доминантни и ја прекинаа кризата во домашниот шампионат која ги држеше четири натпревари. Така, Лион се враќа во битката за едно од местата кои водат во Европа.
Диригенти во триумфот на некогашниот првак на Франција беа Корентин Толисо и Рајан Черки. Черки имаше две асистенции и еден гол, додека Толисо имаше една асистенција и еден гол. Останатите два гола за „лавовите“ ги постигнаа Таљафико во првиот и Микаутаѕдзе во вториот дел.
Лион во следното коло на Лига 1 ќе гостува кај Монпелје, додека Ремс ќе бара прекин на кризата дома со Анже.