Тодоровски си поднесе оставка, Локомотива менува тренер по само шест кола

Диме Тодоровски си поднесе оставка од позицијата шеф на стручниот штаб на второлигашот Локомотива од Градско. Второлигашот од источната група во овие шест кола освои само четири бода. Една победа, еден нерешен резултат и четири порази е скорот на Тодоровски, за делба на осмата позиција со екипата на Детонит од Радовиш.

Тодоровски ја превзеде екипата на Локомотива на почетокот од сезоната, откако екипата од Градско минатата сезона беше шампион на Трета лига-Југ, и со тоа обезбеди директен пласман во Втората лига. 

Нов тренер на Локомотива се очекува да биде Блаже Панов.