Тодоровски од Шкендија на позајмица во Работнички

Раководните луѓе на Работнички успеаја да доведат уште едно засилување за продолжението на сезоната, откако се договорија со тетовска Шкендија за позајмување на Благоја Тодоровски.

33-годишниот десен бек во тимот на „романтичарите“ ќе остане до 15 јануари 2019 година, кога и завршува договорената позајмица. Тодоровски нема да има проблем со аклиматизација во тимот од Дебар мaало, бидејќи и во минатото го носеше дресот на Работнички.

Работнички по стартниот неуспех во ПМФЛ нанижа три победи и моментално се наоѓа на лидерската позиција, а во наредното коло на 16 септември ќе игра токму против тимот на Шкендија.