Тодоровски раскина со Шкендија и потпиша со албанска Теута

Искусниот дефанзивец Благоја Тодоровски ја прекина соработката со македонскиот шампион Шкендија. Тетовчани спогодбено се разделија со фудбалерот пред истекот. Неколку часа подоцна поранешниот бек на Работнички потпиша договор на една година со албанскиот прволигаш Теута

33-годишникот е дел од „црвено-црните“ од јануари 2015 година и за време на престојот во Тетово освои две шампионски титули во ПМФЛ и Купот на Македонија.

Кариерата на Тодоровски започна во Куманово, а во текот на истата тој ги бранеше боите уште на Силекс, Динамо Букурешт, Работнички и Ренова.

Сега пред Тодоровски е голем интернационален предизвик и тоа во екипа со јасни амбиции во албанската Суперлига