• Горан Упале

Поранешниот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Александар Тодоров повторно се враќа во романскиот шампионат, откако ја прифати понудата на тимот на Крајова.
Македонскиот стратег, денес потпиша двегодишен договор со романскиот прволигаш, кој во новата сезона влегува со големи амбиции и напад на првото место.
Тодоров, ланската сезона ја започна на кормилото на „штрковите“, а потоа се пресели во Левски Лукоил, каде ја извршуваше функцијата помошник тренер на Тити Папазов.
45-годишниот стратег во сезоната 2015/16 го водеше Динамо Букурешт, а краток период беше и на чело на Таргу Муреш. Неговиот нов клуб Крајова, во минатата сезона беше четвртфиналист на плејофот, и испадна од Сибиу.