Тодоров и Ангелов повторно се вратија во „старото јато“

Екипата на Работнички тргна со подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на првата прозивка на тренерот Горан Станиќ имаше две нови имиња.

На тренингот се појавија новајлиите Миле Тодоров и Матеј Ангелов. Двајцата се поранешни играчи на Работнички и се враќаат во „старото јато“.

Тодоров, кој има 25 години, е дете на Работнички, а доаѓа од Тиквеш, додека Ангелов има 20 години и исто така има настапувано во младинската школа на клубот и доаѓа од Украина каде играше за Черкаси.

Поранешниот македонски шампион ќе одигра неколку контролни натпревари, a прв предизвик во ПМФЛ ќе биде натпреварот против Шкупи, кој е закажан за шеснаесетти февруари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.