• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски направи пенал на натпреварот меѓу Ријека и Шибеник и на фаворитот на хартија му дозволи да се спаси од пораз во 100. минута во натпреварот, во кој важеше за апсолутен фаворит (2-2).
Тодороски влезе од клупата за резерви пред крајот, а во судиското надополнување судиите покажаа на белата точка по еден крајно спорен контакт во шеснаесетникот. Македонецот беше во дуел со противник во казнениот простор, а иако двајцата влечеа, судиите застанаа зад Ријека.
- Пеналот на Тодор Тодороски против Ријека:
Претходно, арбиртите неколку пати гледаа ВАР-снимка, за можен пенал на Ријека, а голот за реми падна пред самиот финиш.