• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски продолжи да игра во одлична форма во српската Суперлига и постигна нов гол за неговиот тим Спартак Суботица.
Тодороски погоди во 95. минута на мечот против ОФК Белград, за реми на неговиот тим (1-1). Погодокот од играчот кој јавно изрази желба да заигра за сениорскио тим на Македонија падна на убав начин, од слободен удар откосо, откако топката удри во земјата и го измами голманот.
Тодороски е роден во Прилеп, но уште како дете со семејството заминал во Австрија. Од 2013 до 2020 година играше фудбал во Австрија, беше дел од младинските тимови на Рапид, од вториот тим на Виена, па преку ФАЦ и Виенер направи трансфер во Спартак Суботица.
Играчот има настапи за младинските селекции, по еден за У17 и У21 тимот. Оваа сезона Тодороски има четири гола во српската Суперлига.