Тодороски стана играч на колото во Србија и испиша историја

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски постигна гол за ТСЦ, се најде во тимот на колото и воедно е прогласен за играч на колото во српската фудбалска Суперлига.

25-годишниот играч од средниот ред имаше блескава партија за тимот од Бачка Топола, а покрај што даде гол, учествуваше и во секоја акција на теренот. Покажа дека неслучајно за него оваа зима тимот ллати 450.000 евра.

Тодороски со наградата играч на колото во дресот на ТСЦ испиша историја, затоа што тој е првиот играч кој во една сезона бил играч на колото со два различни клуба, откако претходно тоа го направи со Спартак Суботица.