ВИДЕО: Тодороски со мајсторија од слободен во дресот на Осијек

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски имаше солиден меч за вториот тим на Осијек, во рамки на второлигашкиот хрватски шампионат, во мечот со Сесвете (1-1).

Осијек 2 водеше по првото полувреме, но не успеа до крај да ја сочува позитивата. Тодороски одигра цел натпревар, а постигна мајсторски гол од слободен удар пред крајот на првиот дел.

  • Голот на Тодороски против Сесвете:

Осијек 2 е на осмото место во хрватската втора лига и во последните пет кола има само една победа.