Тодороски позираше со дресот на Серед

Новиот македонски репрезентативец Тодор Тодороски, откако ја напушти Србија, и официјално својата кариера ќе ја продолжи во Словачка.

Следна дестинација на Тодороски ќе биде словачки Серед. Двете страни се договорија за соработка до крајот на тековната сезоната. Претходно, за десниот бек имаше интерес од клубови од Унгарија и Србија. Серед игра во словачката Суперлига, а во моментов по 19 одиграни натпревари се наоѓа на седмата позиција на табелата. Претходно за овој тим од македонските фудбалери настапуваа Дејан Илиев и Филип Дурански.

22-годишниот десен бек од Раднички Ниш си замина во потрага на поголема минутажа. Тодороски во последните три меча од Суперлигата беше надвор од составот, додека на претходните шест остана на клупата за резерви.

Македонскиот фудбалер пристигна во Раднички од хрватски Осијек, а во кариерата настапуваше и за Шибеник, како и домашните Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк