• Мартин Танасковски
Македонскиот десен бек Тодор Тодороски постигна нов гол во албанската Суперлига во дресот на Фљамуртари.
Прилепчанецот се најде во составот на дуелот меѓу екипата на Вора, а средбата заврши со резултат 1-1. Тодороски го постигна голот за водство на Фљамуртари во 34. минута.
Доброто издание на овој натпревар му донесоа на македонскиот дефанзивец место и во тимот на 13-тата рунда во шампионатот на Албаниja.



