• Горан Упале
Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски постигна прекрасен гол во натпреварот меѓу Спартак Суботица и Раднички.
Се играше втората минута од натпреварот кога по еден прекин откосо на домашниот тим сите очекуваа центаршут, но македонскиот интернационалец шутираше во блискиот агол од речиси невозможна позиција за шут и постигна гол кој беше одлучувачки на натпреварот.
- Голот на Тодороски против Раднички:
25-годишниот Тодороски ја игра четвртата сезона во дресот на Спартак, а ова му прв гол во четирите кола оваа сезона во српскиот шампионат.