Тодороски ја игра сезоната од соништата и е играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски кој ги брани боите на Спартак Суботица е прогласен за најдобар играч на 8. коло од Mozzart Bet Суперлигата на Србија. Првотимецот на „гулабите“ ги постигна двата гола во последниот дуел над ИМТ и беше најзаслужен за победата.

25-годишниот Тодороски ја игра својата четврта сезона во Суперлигата, а како што стојат работите, македонскиот играч за врска би можел да го надмине личниот голгетерски учинок и да му ги даде на Спартак најплодните игри од неговото доаѓање во Суботица.

Интересно е што кога Тодороски постигнува или поставува голови оваа сезона, Спартак не губи натпревари. Oд осумте бода на тимот од северот на Србија оваа сезона, седум директно донесе Тодороски со голови и асистенции.