• Горан Упале
Фудбалерите на Спартак Суботица го совладаа ИМТ со 2-0 (1-0) во првиот натпревар од осмото коло на шампионатот на Србија, а одново свој блесок имаше македонскиот фудбалер Андреј Тодороски.
Иако ИМТ подобро го започна натпреварот, Тодорски во 15. минута по одлична соло-акција го матира противничкиот голман и донесе водство за Спартак од 1-0.
Слично беше и во второто полувреме, Спартак чекаше шанса од контра напад, а повторно во центарот на вниманието беше македонскиот ас, кој со нов прекрасен гол со лева нога стави точка на победата на својата екипа.