• Саше Љолес
Македонскиот фудбалер од редовите на српскиот ТСЦ, Андреј Тодороски, го прокоментира последниот натпревар во Суперлигата против ОФК Београд, каде токму тој беше најзаслужен за трите бода на авојот тим.
Тодороски го постигна единствениот гол на натпреварот, а по мечот изјави дека овој погодок веројатно му е најубав во досегашната фудбалска кариера.
„Тежок и борбен натпревар, ОФК не ни даде многу простор за надигрување. Ние одевме на победа и покажавме дека имаме карактер за такво нешто. Трудот се исплатеше, зашто на крај ги освоивме трите бода.
Што се однесува до голот, мислам дека е можеби најубав во досегашната кариера. Се случи во еден момент, немав многу време за размислување. Добив добра топка, видов дека голманот е малку истрчан, па затоа решив да го лобувам.
Најважно е што екипата победи и на одличен начин ја завршивме оваа календарска година. Одиме по нови успеси после зимската пауза“, изјави Тодороски.
Екипата на ТСЦ ја завршува полусезоната со вкупно 24 бодови. Нашиот Тодороски досега одигра 16 натпревари, на кои забележа учинок од три гола и четири асистенции.


